Пет лица „на тапет“: Кој го предизвика хаосот на дуелот Валенсија - Хетафе?

Натпреварот меѓу Валенсија и Хетафе беше супер-возбудлив во финишот и со два гола во судиското надополнување, „лилјаците“ обезбедија наредна фаза во Купот. Но, тоа донесе и инциденти...

По дуелот на „Местаља“ имаше тепачка, во која учествуваа фудбалери со крвави глави, а паднаа и црвени картони. Делегатот веќе го објави записникот, а пет лица се на „тапет“. Тројца се членови на Хетафе, додека двајца се на Валенсија. Се смета дека тие се главни инцијатори на конфликтот, но допрва ќе се одлучува кој е виновен.

Прочитајте што стоеше во записникот на делегатот на натпреварот...

Бруно Гонзалез Кабрера (Хетафе): По крајот на мечот, тој влезе во конфликт со играчот со број 12 од Валенсија, Муктар Диакаби и го фати за врат и го удри. Соиграчите ги раздвоија и спречија поголем инцидент, а подоцна и двајцата беа исклучени.

Дамиан Николас Суарез (Хетафе): По завршувањето на натпреварот, близу до тунелот, тој оттурна член на Валенсија, а потоа и удри еден член на противничкиот клуб. Подоцна, во тунелот, тој го удрил и линискиот судија на натпреварот во градите и вербално му се заканувал.

Жаим Мата (Хетафе): По крајот на натпреварот, во тунелот му се обратил на асистентот со зборовите „срами се од арбитражата“. Истото го повторил неколку пати, со висок тон.

Муктар Диакаби (Валенсија): По крајот на натпреварот, влезе во кофнликт со Бруно Гонзалез Кабрера од Хетафе. При меѓусебен инцидент, го фати противникот за врат, а потоа и го удри. Соиграчите ги раздвоија и спречија поголем инцидент, а подоцна и двајцата беа исклучени.

Исмаил Фернандез Родригез (Валенсија): Исклучен затоа што по погодок на Валенсија бил до противничката клупа и неколку пати им кажал „е*ете се!“