Пет играчи по потекло од Македонија ќе играат за други држави на ЕП 2024!

Европското првенство (ЕП) кое ќе се игра во Германија е пред самиот старт, а на теренот ќе има пет играчи кои се родени во Македонија, но ќе играат за други држави.

Четворица ќе бидат дел од селекцијата на Албанија, додека еден ќе игра за Швајцарија. Дел од репрезентацијата на Албанија се Јасир Асани (29), Недим Бајрами (25), Таулант Сефери (27) и Насер Алији (30), додека за Швајцарија ќе игра Ардон Јашари (21).

Асани е роден во Скопје, во минатото настапуваше за младинските категории на Македонија, но откако не доби шанса стана главен играч на Албанија на патот кон ЕП 2022. Слично е и со Тауљант Сулејманов, кој претходно, како Тауљант Сефери стана најмлад дебитант во историјата на А-тимот на Македонија. Но, и тој потоа ја одбра Албанија.

Насер Алији е роден во Куманово, но тој никогаш не играл за Македонија, слична е ситуацијата и со Недим Бајрами за кого постоеја разговори да игра за А-тимот во 2021 година затоа што е роден во Тетово, но не дојде до финализација на посакуваното за ФФМ.

Ардон Јашари е 21-годишен фудбалер од средниот ред кој има родители по потекло од Македонија, поточно од Куманово. Член е на Луцерн, а досега настапуваше само за Швајцарија во која играше во младинските тимови, а има и два настапи за А-тимот.