ВИДЕО: Пет голови во Келн, Лукаку и Де Брујне ја срушија Германија!

Репрезентациите на Германија и Белгија вечерва во Келн одиграа супер-интересен пријателски меч, во кој “црвените ѓаволи“ триумифираа со 2-3.

  • Извештај од натпреварот:

Мечот започна многу лошо за „Панцерите“, затоа што Белгија со триминутна експлозија водеше со 0-2. Головите ги постигнаа Караско во шестата и Ромелу Лукаку во 9. минута, а Германците помалку беа во шок од отворањето на гостите.

Германија малку се обиде да притисне, се играше интересен и отворен фудбал со по уште неколку шанси на двете страни, и до крајот на полувремето успеа да постигне гол преку Фулкруг, кој прецизно реализираше пенал по играњето со рака на Лукаку во својот шеснаесетник. 

Стартот на вториот дел донесе малку поконкретна игра на Германија, иако и Белгија се закани уште еднаш со добра шанса на Де Брујне, но топката мина крај голот на Тер Штеген. Потоа бевме сведоци на малку посмирена игра на двете страни, но Германија постојано се обидуваше да го загрози голот на гостите. 

Во последната третина од мечот бевме сведоци на уште возбудувања. Најпрво Белгија успеа да поведе со 1-3 преку Кевин Де Брујне кој стрелаше прецизно во 78. минута, а до крајот на мечот Гнабри успеа да го убалажи поразот на својот тим и постигна гол на три минути пред крајот на регуларното време. 

Одличен меч во Келн со многу шанси и дури пет голови, а двете селекции упатија вкупно дванаесет удари во рамките на голот. Домашната публика можеби малку незадоволна заминува од стадионот, но барем имаа прилика да гледаат спектакуларен фудбал од светска класа.