ВИДЕО: Пет гола во Ленс, продолжува агонијата на Лион

Фудбалерите на Ленс успеаја забележаа победа во 14. коло од француската Лига 1 и славеа со конечни 3-2 над грогираниот Лион. Гостите имаа активен резултат до последната третина од натпреварот, но Ленс успеа да извојува триумф и ја продолжи кризата на „лавовите“. 

  • Извештај од натпреварот:

Лион поведе во 16. минута преку О'Брајан, но домаќините возвратија преку Саид само десетина минути подоцна. На паузата резултатот беше 1-1, а во вторите 45 минути публиката просведочи многу повеќе возбудувања. 

Ленс поведе рано во вториот дел преку Франковски, кој прецизно реализираше пенал, но Лион не се предаваше лесно и одново израмни во 72. минута со вториот гол на О'Брајан. Радоста на гостите не траеше кратко, затоа што Франковски постигна втор гол само две минути подоцна и ги постави конечните 3-2. 

Екипата на Лион продолжува со очајните резултати и останува на само еден сезонски триумф, доволен за „фенерџиската“ позиција во Лига 1. Ленс со оваа победа се зацврсти на шестата позиција со 22 бода на своето салдо. Вреди да се напомне и дека домашниот тим во самиот финиш остана со играч помалку, откако беше исклучен Сатока во 91. минута.