Пет години од легендарниот „танц“, Боатенг одново ќе се сретне со Меси

Боатенг

Пласманот на Барселона и Баерн Минхен во четвртфиналната фаза од Лигата на шампионите значи дека овој петок двата гиганти ќе водат меѓусебна борба за место во најдобрата четворка.

Исто така тоа ќе биде можност Лионел Меси одново да се сретне со стариот познаник Жером Боатенг. Овие двајца пред пет години ги полнеа насловните страници ширум светот поради директниот дуел на теренот.

Победник очекувано беше Аргентинецот, кој го натера противникот да падне на земја со еден дриблинг. Истиот стана хит на социјалните мрежи и предизвика сеир кој до денес го трпи германскиот репрезентативец.

Оваа година според формата баварскиот тим ќе биде благ фаворит за да се пласира во следната фаза. Мечот ќе биде можност за Боатенг да докаже дека моментот на „Камп Ноу“ е минато и само лоша вечер во неговата кариера.