Пет фудбалери ја продолжија соработката со Ренова

Една од најактивните екипи на трансфер пазарот ова лето е Ренова. Македонскиот прволигаш потпиша договори со дури шест нови имиња.

Покрај нив, управата на клубот од Џепчиште ја продолжи соработката со пет активни членови на екипата. Се работи за Арџент Гафури, Башким Велија, Ненад Мишковски, Хадис Велии и Фисник Зука.

Последниот од нив беше на излезни врати пред 20-ина дена, но на крај најде заеднички јазик и стави потпис на нов договор.

Фудбалерите на Бујар Исљами победија на првиот пријателски натпревар против Дрита од Боговиње и тоа со убедливи 5-1.