ВИДЕО: Песната за Алиоски која фановите на Лидс не можат да престанат да ја пеат

Езџан Алиоски

Позитивната атмосфера во екипата на Лидс Јунајтед носи позитивни резултати во Чемпионшип на кои најмногу им се радуваат навивачите.

Тие секогаш ги полнат трибините на домашните натпревари, а сега имаат нова песна посветена на македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски. Таа има наслов „Oh You Gjanni Alioski” и има скоро 80 илјади прегледи на „Јутуб“.

“Oh you Gjanni Alioski, Gjanni Alioski we love you,” гласи рефренот...

“And with Gjanni Alioski, Gjanni Alioski, what we’ll do, we’ll beat every team around, he’s our super number ten, super Gjanni Alioski, our Macedonian friend, super Gjanni Alioski, our Macedonian friend.

“He zooms like a motorcar, he purrs like a Jaguar, he prowls up and down the wing,

He’s frequently found offside, he fills all our hearts with pride.”

Нашиот фудбалер е меѓу омилените кај навивачите и оваа сезона ги израдува со седум гола и пет асистенции.