ВИДЕО: Перуанците му се реваншираа на Бразил, реми на САД и Уругвај

Победникот на Копа Америка, селекцијата на Бразил неславно го заврши вториот септемвриски пријателски натпревар, кој на селекторот Тите му послужи за подгоготвка прд стартот на квалификациите за Светското првенство во Катар. Бразилците го запишаа првиот пораз по неуспехот во четвртфиналето на Светското првенство во Русија од селекцијата на Белгија.

  • Извештај од натпреварот: 

„Кариоките“ загубија во тест дуел во САД од Перу со 0-1, што е своевиден реванш на избраниците на Гарека за поразот во финалето на Копа Америка во јули на „Маракана“. Луис Алфонсо Абрам Угарели во 85. минута го постигна единствениот гол на натпреварот. Бразилскиот селектор изврши четири замени за разлика од составот кој ремизираше со Колумбија и од клупата натпреварот го почнаа Нејмар, Дани Алвез, Тиаго Силва и Артур.

Бразилците и со шарен состав доминираа и креираа шанси, но резултатот не се менуваше. Винициус дебитираше во вториот дел, а во 33. минута Касемиро и Нерес се судрија со главите, а фудбалерот на Реал Мадрид го извлече подебелиот крај. Кога се чинеше дека натпреварот ќе заврши нерешено, Луис Алфонсо Абрам Угарели на ефектен начин го матира Едерсон и донесе победа за Перуанците. 

Колумбија и Венецуела играа без голови, Чиле загуби од Хондурас со 2-1, а Еквадор ја надигра Боливија со 3-0.. Без победник заврши дуелот на Соединетите Американски Држави и Уругвај, а головите ги постигнаа Морис за Американците и Брајан Родригез за Уругвајците (1-1).