ВИДЕО: Перу одигра за својата чест, ја совлада Австралија во последниот мундијалски меч

Репрезентативците на Перу во последниот натпревар од групата Ц, на „Олимпискиот Стадион“ во Сочи ја совладаа Австралија со 0-2 (0-1) и така со победа се простија од Мундијалот од Русија

Иако денешниот натпревар од натпреварувачка гледна точка беше многу поважен за Австралија (доколку Франција ја совладаше Данска, со победа Австралија ќе беше осминафиналист), фудбалерите на Перу одиграа за своја чест и за многубројните фанови и на крајот сосема заслужено ја запишаа првата победа на Мундијалот во Русија. Перуанците уште од самиот старт тргнаа офанзивно, а водечкиот погодок го постигна Кариљо во 18. минута со прекрасен удар од работ на шеснаесетникот.

Во продолжение на првиот дел Австралијанците се обидуваа да постигнат израмнувачки погодок и да останат во игра за осминафиналето. Најпрво шанса имаше Рогиќ во 28. минута, но голманот на Перу одлично одбрани, а до крајот на првиот дел се закани и Саинсбури, но биеше за малку непрецизно.

Сите надежи на „кенгурите“ за позитивен резултат се чини дека пропаднаа на стартот на вториот дел, кога Паоло Гереро, помалку среќно донесе предност за Перу од 2-0.

Веднаш потоа, Ван Марвијк во игра го внесе и ветеранот Тим Кејхил, но и тој се вклопи во сивилото на „кенгурите“ кои иако го имаа поседот на топка, не успеваа да направат некоја посериозна шанса.

Со денешната елиминација, фудбалерите на Австралија веќе трет шампионат по ред своите настапи ги завршуваат во групната фаза, а Перу исто така во својот прв Мундијал по далечната 1982 година (Шпанија), не успеа да обезбеди нокаут-фаза.

 

СП, Група Ц
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ФранцијаФранција 3 2 1 0 3:1 2 7
2 ДанскаДанска 3 1 2 0 2:1 1 5
3 ПеруПеру 1 3 1 0 2 2:2 0 3
4 АвстралијаАвстралија 1 3 0 1 2 2:5 -3 1