• Горан Упале
Иван Перишиќ повеќе не е играч на Хајдук. Ова го потврди сплитскиот клуб на својата интернет страница каде се наведува дека Хајдук и хрватскиот репрезентативец меѓусебно го раскинале договорот.
Хајдук според однапред одредените услови од договорот му дал одврзана рака на Перишиќ, но останува обврската од 200.000 евра. За тоа самиот фудбалер си плати.
Хрватскиот репрезентативец имаше клаузула во договорот според која од 29 август 2024 година би можел да го напушти Хајдук за 200.000 евра. Ова е договорено по потпишувањето на договорот со Хајдук, очигледно за да може Перишиќ евтино да го напушти клубот доколку не се пласира во едно од европските натпреварувања.
Хајдук остана далеку од Конференциската лига. Беше елиминиран во третото прелиминарно коло од словачкиот Ружомберок. Доаѓањето на Перишиќ во Хајдук донесе мала корист за играчот и клубот, но многу драма. Настапи на дванаесет натпревари и постигна еден гол.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.