Перишиќ: Избрав живот без семејството за да му помогнам на Хајдук

Откако спортскиот директор на Хајдук, Никола Калиниќ соопшти дека нема да се продолжи соработката со Иван Перишиќ, еден од најдобрите хрватски фудбалери во модерната ера се реши да проговори за несогласувањата во клубот.

Искусниот фудбалер за „Далматински“, не сакаше да дава бомбастични коментари, но сепак објасни многу.

„Дојдов во Хајдук со надеж дека заедно ќе го оствариме сонот и ќе ја освоиме титулата. Имав добар договор со Тотенхем, а дури и кога се повредив имав одлична понуда од голем странски клуб, каде би имал фантастични услови за рехабилитација и барем иста шанса да играм како што ја имав овде. Наместо тоа, на покана од управата на клубот и навивачите, избрав живот без семејство кое живее во странство со надеж дека ќе помогнам во борбата за титулата и место во групната фаза од Лигата на шампионите. Од првиот ден до денес се држев до договорот, до поставените правила, а по Европското првенство одбив и две понуди од сериозни клубови со цел да му помогнам на клубот ова лето. 

Веројатно на сите им е јасно дека Хајдук и Сплит не ги одбрав поради пари или здравствена нега. Во желба да помогнам своето здравје и своето семејство ги ставив во втор план и не жалам поради тоа бидејќи не ни знам поинаку. Сепак, во неделата навечер некој друг со свој испад одлучи дека мојата помош веќе не му е потребна“, меѓу другото рече Перишиќ.

Репрезентативецот имаше и профитабилни понуди од Саудиска Арабија, МЛС лигата и Катар, што не е чудно, бидејќи неспорно е дека се работи за одличен играч, но без размислување ги одбил и се решил да потпише за Хајдук. Но, неговата авантура во култниот клуб од „Пољуд“ не траеше долго.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.