Перишиќ: Французи, ве чекаме од 1998, в недела ќе биде друга приказна

Хероите на Златко Далиќ испишаа историја и ја одведоа Хрватска во финалето на Светското првенство во Русија. „Коцкестите“ преку со славеа во полуфиналето над Англија и закажаа финале со Франција, против која во 1998 година беа елиминирани во полуфиналето.

По мечот стрелецот на првиот гол за Хрватска, Иван Перишиќ истакна дека за овој меч сонувал цели 20 години и дека мечот во Москва ќе биде друга приказна во однос на полуфиналето во Франција 1998 година. 

„Не знам како да ви го опишам ова чувство. Секоја час на сите, немам други зборови. Сите се сеќаваме на таа 1998 година и мечот со Франција. Сега е друга приказна. Сега сме во финале и немам што да загубиме, а тие имаат - тие се фаворити. Имаме три дена за одмор и мислам дека добро ќе се подготвиме“, вели Перишиќ. 

Големото финале на СП ќе се одигра в недела од 17.00 часот, а домаќин ќе биде стадионот „Лужњики“ во Москва.