• Горан Упале
Холандскиот шампион ПСВ Ајндховен ја започна новата сезона со трофеј. Тимот од Ајндховен вчера го освои националниот трофеј во Суперкупот, со победата од 2-1 над освојувачот на Купот, Гоу Ахед Иглс.
Првото полувреме им припадна на „орлите“, кои поведоа со 1-0 со голот на Сурај. На израмнување се чекаше до 78. минута, кога хрватскиот интернационалец Иван Перишиќ се проби по левата страна, испрати центаршут, по што Наубер си постигна автогол за 1-1.
Сепак, Перишиќ не успеа да запре на време по тој пробив, па падна преку рекламата меѓу фотографите и ја удри главата во - лаптоп.
Сцената брзо стана вирална на социјалните мрежи, а ПСВ Ајндховен брзо се избори за пресврт и го освои трофејот, откако победничкиот гол го постигна Дест во 83. минута.

