Перин се сели во Примеира, Бенфика и Порто со понуди за италијанскиот голман

Гигантите на португалскиот фудбал Бенфика и Порто се најсериозни кандидати за потписот на вториот голман на Јувентус, Матија Перин. Младиот голман, кој минатото лети дојде во Торино од Џенова, сака поголема минутажа, а во таборот на „старата дама“ не е во плановите на новиот тренер Сари,

26-годишниот голман ќе биде заменет со искусниот Буфон. Јуве плати 12 милиони евра за голманот, а бара 15 за да го продаде. Порто чека расплет со случајот Касиљас, а Бенфика не е задоволна со гркот Влаходимос, кој ја чуваше мрежата минатата сезона.

Покрај двата поранешни европски шампиони од Португалија, уште неколку клубови од Италија се загреани за услугите на Матија Перин.