ВИДЕО: Перфектниот Пеп и по тројна круна има нешто да го подучи Стерлинг

Стерлинг

Англискиот првак Манчестер Сити ја освои титулата и во ФА Купот и така стана првата екипа која ја заврши сезоната со тројна круна.

Пеп Гвардиола го освои 27. трофеј во кариерата, но и по него имаше што да му каже на Рахим Стерлинг. Сите знаат за неговата дисциплина и амбицијата да се биде перфектен, а тоа на своја кожа го почувствува англискиот репрезентативец.

За време на прославата, Шпанецот му пријде на својот фудбалер и се обиде да му сугерира за некакви грешки или моменти во кои можеби од него се очекуваше поинаква реакција.

  • Погледнете зошто Гвардиола е фанатик за својата работа: