ВИДЕО: Перфектна замена на Монтела - прв конкакт и гол на Бен Једер!

Монтела ја направи перфектната замена на средина од второто полувреме на „Олд Трафорд“ и место Муриел го внесе Французинот Висар Бен Једер. Во првиот контакт со топката овој му возврати на својот тренер со гол за водство против Манчестер Јунајтед.

Бен Једер имаше доволно простор покрај Бејли и пласираше во поблискиот агол на немоќниот Де Хеа. 

Само неколку минути подоцна по грубата грешка на Де Хеа, пак Бен Једер ја втурна топката во небранетата мрежа и на асистенција на петтиот судија, голот беше признат (0-2).