ВИДЕО: Перфектна акција на баварците и гол на Диаз за водство на „Бернабеу“

Луис Диаз го постигна првиот гол во двомечот меѓу Реал Мадрид и Баерн Минхен во четвртфиналето на Лигата на шампионите. 

Колумбиецот одлично се движеше и по комбинацијата Кејн-Гнабри доби топка низ одбраната. На Диаз не му беше тешко да пласира крај Лунин за 0-1 во 41. минута од средбата.

Првиот дел од средбата на „Бернабеу“ понуди доста шанси пред двата гола. Најголемото промашување го имаше Дајот Упамекано кој од неколку метри ужасно шутираше. 

<<< - ПОВРЗАНО - Упамекано се посрамоти: Епско промашување на стоперот во Мадрид (ВИДЕО)