• Горан Упале

Фудбалерите на Интер имаа сигурен старт на сезоната во Серија А. Шампионот од пред две сезони одигра одлично против Монца и пред својата публика славеше со 2-0 (1-0).
- Интер - Монца 2-0:
Резултатот на „Џузепе Меаца“ беше отворен по само осум минути игра, кога Думфрис асистираше до Лаутаро Мартинез, кој беше сигурен реализатор на првиот гол за Интер во новата сезона (1-0).
На полувреме се замина со минимална предност на Интер, а аргентинскиот ас и во вториот дел беше главна ѕвезда на теренот. Мартинез во 76. минута пак ја затресе гостинската мрежа и ги постави конечните 2-0. Асистент за овој погодок беше новото засилување на Интер од Болоња, Марко Арнаутовиќ.
- Џенова - Фиорентина 1-4:
Вечерва се одигра уште еден натпревар во Серија А, на кој Фиорентина ѝ нанесе тежок пораз на новиот прволигаш Џенова со 1-4. Головите за финалистот на Конференциската лига ги постигнаа Бираги, Бонавентура, Гонзалез и Мандрагора, а Бираски погоди за новајлијата.