ВИДЕО: Перфекција од лоб во Гостивар – Емран погоди велемајсторски против Воска!

Екипата на Воска Спорт се избори за реми на денешното гостување кај Гостивар (2-2). Јашароски беше херојот за гостинскиот тим, но второлигашкото дерби мина во знакот на домашниот фудбалер Емран, кој постигна ретко виден гол на македонските терени.

Во 31. минута од вториот дел, Емран со маестрален лоб ја затресе мрежата на охриѓани и заслужено собра големи аплаузи за овој потег, со кого го комплетира пресвртот на својата екипа.

  • Атрактивниот гол на Емран против Воска Спорт:

Сепак, во самиот финиш Јашароски го најде патот до домашната мрежа и ги постави конечните 2-2. Гостинската екипа преку официјално соопштение по натпреварот, а се пожалија на скандалозно однесување на фановите кон членови на управата на Воска. 

<<< - ПОВРЗАНО - Воска со соопштение: Хулигани на Гостивар го нападнаа нашето раководство!