• Саше Љолес
Шпанските медиуми пишуваат дека претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, е подготвен да му понуди нова соработка на Карло Анчелоти и на тој начин би го задржал италијанскиот стратег до крајот на сезоната 2026/27.
Овие информации се само во доменот на шпекулациите, но се претпоставува дека двете страни се близу до нов договор. Анчелоти наводно сакал да ја заврши тренерската кариера на кормилото на Реал, но тоа ќе зависи и од резултатите до крајот на тековната сезона.
Се чини дека возвратниот дуел во четвтфиналето од Лигата на шампионите со Манчестер Сити би можел да биде еден од пресудните мечеви за иднината на Анчелоти, но и покрај тоа, тој има огромен „кредит“ во Мадрид и би можел да остане и покрај евентуалниот неуспех против „граѓаните“.
Карло Анчелоти во два наврата беше тренер на Реал Мадрид и вкупно кај „кралевите“ досега мина шест години, а воедно освои и многу трофеи, меѓу кои и два во Лигата на шампионите.