• Горан Упале
Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, има идеја за нов тренер, а тоа е сегашниот селектор на аргентинската репрезентација Лионел Скалони, пишуваат шпанските медиуми. Раководството на мадридскиот клуб веќе работи на планови за следната сезона по заминувањето на Чаби Алонсо, а името на Скалони е истакнато како едно од решенијата за водење на новиот проект.
„Кралевите“ сакаат тренер со авторитет, но и способност да управува со соблекувална полна со топ-играчи.Клубот верува дека профилот на Скалони ги исполнува овие барања, со оглед на неговото искуство во работа под голем притисок и со имиња како Лео Меси и Анхел Ди Марија, како и резултатите постигнати на највисокото ниво на репрезентативниот фудбал.
Скалони го освои Светското првенство со Аргентина, има и две титули од Копа Америка, како и трофејот Финализма, сето тоа со одлични односи во соблекувалната на „гаучосите“, што никогаш не било лесно да се контролира поради големите имиња и темпераментот. Скалони на клупата на Реал би седнал веднаш по завршувањето на СП ова лето на кое Аргентина ќе го брани трофејот.






