„Перез и Ањели сакаа со Суперлигата да се збогатат на туѓ грб“

Суперлигата на Европа крена огромна прашина во светот на спортот, а главен „виновник“ за тоа е Флорентино Перез. Претседателот на Реал Мадрид, заедно со Андреа Ањели од Јувентус беа најголеми заговорници за ова натпреварување, за „бегање“ од УЕФА и огромни финансиски приходи. 

Сепак, проектот се распадна, а за него зборуваше и претседателот на Милан, Паоло Скарони. Тој изнесе информации кои не беа познати на јавноста, а ги обвини Перез и Ањели дека сакале да се збогатат на туѓ грб. 

„Разговорите за приход од 350 милиои евра се наивни, а во случајот со Суперлигата ќе имаше 10 активни клубови кои ги прифаќаат игрите на Перез. Тој и Ањели сакаа преку Суперлигата финансиски да извлечат корист од клубовите. Перез зборува глупости, Суперлигата не е на стенд-бај“, изјави Скарони. 

Од 12-те тимови кои беа потписници на договорот, сега останаа само Реал Мадрид, Барселона и Јувентус, додека останатите отстапија од организацијата на новото натпреварување.