Пепи Ѓорѓиев и Фахрудин Ѓурѓевиќ стрелци во Купот на Албанија

Двајца македонски фудбалери успеаја да се запишат во листата на стрелците во реваншите од 1/16-финалето од Купот на Албанија.

Пепи Ѓорѓиев и неговата Теута ремизираа со Лузи (2-2), но патуваат во наредната фаза поради триумфот во претходната средба. Македонскиот напаѓач беше стрелец на првиот погодок на натпреварот во 15. минута. Во Теута играат уште Боби Целески и Баже Тодоровски.

Погодок постигна и Фахрудин Ѓурѓевиќ кој ги брани боите на Влазнија, која убедливо со 4-0 ја совлада Лаберија и ја анулира негативата од првата средба. Поранешниот играч на Работнички стрела во 34. минута од натпреварот за предност на неговиот тим. Во овој клуб е и Мевљан Адили.

Пласман во следната рунда обезебдија и Тошевски, Најдовски и Тотре со Тирана, како и Виктор Велкоски, Башким Велија и Илирид Адеми со Лачи. Тука се и Егзон Белица, Александар Дамчевски, Филип Глигоров со Партизани, Демир Имери, Бесар Исени, Бесарт Кривањева со Егнатија, Беким Реџепи со Скендербег...