ВИДЕО: Пепе влезе во конфликт со Алиоски и го удри со глава, па си доби црвен картон!

Екипата на Арсенал ќе мора со играч помалку да го доигра дербито на „Еланд Роуд“ против Лидс Јунајтед, затоа што директен црвен картон заработи офанзивецот Пепе.

Најскапото засилување на Арсенал во историјата во 50. минута влезе во конфликт со нашиот репрезентативец Езџан Алиоски и неспротски го удри со главата, по што „десетката“ на Лидс  падна на земја, а судијата Ентони Тејлор на Пепе му го покажа патот до соблекувалната. 

  • Неспортскиот потег на Пепе против Алиоски: 
  • Нашиот репрезентативец сè повеќе добива шанса за докажување во Премиер лигата, а вечерва игра одличен натпревар против големиот фаворит.