Пепе се враќа во „неговиот“ Порто по 12 години!?

Порто

Кариерата на Пепе е во завршна фаза, а се чини дека крајот ќе го дочека во „неговиот“ Порто.

Португалецот спогодбено се раздели со Бешикташ, каде ќе остане запаметен по своите гестови кон неколку вработени во клубот. Тој одлучи да им исплати заостанати плати во знак за благодарност на нивната напорна работа.

35-годишниот дефанзивец имаше понуди од Вулерхемптон и Ал Гарафа, но пресуди неговата желба да биде поблиску до својот дом.

Од Португалија си замина во 2007 година и за 30 милиони евра се пресели во Реал Мадрид.