ВИДЕО: Пепе не знае за пријателски меч, стартуваше остро и предизвика нова мешаница

Пепе

Пепе е познат по својот пргав карактер поради кој постојано е дел од тензични моменти на фудбалскиот терен. 

Португалецот моментално ги брани боите на Порто. На пријателски меч против Рома одново покажа дека тој не може да ги контролира своите емоции, кога ќе се појави на тревникот.

38-годишникот немилосрдно стартуваше врз Хенрик Михтарјан, иако се работеше за меч од подготовките за новата сезона. Неговиот фаул очекувано предизвика мешаница на теренот, што не е нешто ново кога се работи за португалскиот ветеран.

Иронично, Пепе избегна јавна опомена, а ерменскиот репрезентативец доби жолт картон поради својата бурна реакција.