ВИДЕО: Пепе го омаловажи линискиот судија и доби директен црвен картон!

Португалскиот фудбалски гигант Порто загуби со 1-2 на домашен терен од Виторија Гимараеш, а легендарниот Пепе доби директен црвен картон во 70. минута. 

Поранешниот ас на Реал Мадрид и еден од најдобрите стопери, но и најголемите „насилници“ на фудбалските терени во модерниот фудбал, влезе во конфликт со помошниот судија поради една одлука и му покажа дека му треба двоглед или очила. Тоа беше доволно главниот судија да го исклучи Пепе.

41-годишниот дефанзивец сè уште игра на врвно ниво, но никако не може да го сочува својот темперамент и секогаш бурно реагира кога смета дека судијата или противникот не се во право.