Пепе ги загуби нервите: Противникот го нарече мајмун, бараше правда на теренот (ВИДЕО)

Порто го совлада Фамаликао со 3-2 по продолженија и се пласираше во големото финале во Купот на Португалија. Порто до решавачките голови стигна дури во 121. и 124. минута преку Отавио и Еванилсон.

Овој реванш натпревар беше полн со напнатост и нервоза, а како што сме навикнати, во центарот на вниманието беше искусниот дефанзивец на Порто, Пепе.

По еден прекршок во 87. минута, Пепе ги загуби нервите и почна да бара правда на теренот, бидејќи играчот на Фамаликао, Сантијаго Коломбато го нарече мајмун.

Оваа формулација ја потврди Пепе во изјавата по натпреварот.

„Тажно е што ова се случува меѓу играчите. Тој немаше храброст да се соочи со прекршокот што го направи, па на крајот ми рече дека сум мајмун. Се обиде да го стави тоа на малку поинаков начин, но сите слушнаа што ми кажа.

Не сакав да предизвикам поголеми инциденти и да го напуштам теренот, пред сè поради луѓето и навивачите кои дојдоа на натпреварот, но и оние кои го следеа натпреварот покрај ТВ екраните. Се надевам дека вакви ситуации ќе бидат спречени. Можеби ВАР-системот некако ќе помогне. На крајот на краиштата ќе се жалам во федерацијата, но прашање е колку таа може да помогне во овие моменти“, изјави Пепе по натпреварот.

Овој случај не е прв во Португалија каде фудбалерите се навредуваат на различни начини. Расизмот е сè поприсутен и Португалскиот фудбалски сојуз ќе има полни раце работа.

Состави

Vitor Bruno

4-3-3

    Hugo Oliveira

    4-4-2