Пеп: Жал ми е ако голот беше нерегуларен, другите клубови гласаа против ВАР

Екипата на Манчестер Сити запиша нова рутинска победа во Премиер лигата и на осум гола до крајот на сезоната како лидер на табелата е најголемиот фаворит за освојувањето на престижниот трофеј. 

Пред моќните „граѓани“ падна незгодниот Вотфорд со 3-1, но голот со кој се отвори резултатот на Рахим Стерлиг крена многу прашина во англиската јавност, бидејќи истиот беше постигнат од недозволена офсајд ситуација, во која се наоѓаше англискиот репрезентативец. 

По мечот менаџерот Пеп Гвардиола спортски призна дека голот беше нерегуларен, и им се извини на противниците, но напомена дека за тое се виновни останатите клубови кои гласале да нема ВАР во Премиер лигата. 

„Запишавме победа во важен период. Долго време чекавме да ја преземеме лидерската позиција и сега не сакаме да ја испуштиме. Навистина жал ми е ако првиот гол беше постигнат од офсајд, но на крај заслужено победивме. Наредната сезона нема да имаме вакви проблеми, бидејќи ќе има ВАР. Пред стартот на оваа Сити гласаше да има ВАР, но останатите клубови беа против“, рече Шпанецот. 

Моментално Сити има четири бода предност во однос на вториот Ливерпул, кој денес пред својата публика ќе го пречека Барнли.