• Иван Димовски
Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола се пожали на густиот распоред пред финалето на ФА Купот против Челзи и призна дека неговиот тим нема да има време ниту за прослава доколку го освои трофејот.
„На крајот од сезоната заморот секогаш е присутен, и ментално и физички. Имавме три дена одмор, сега повторно три, а по натпреварот без разлика дали ќе победиме или загубиме, главната цел ќе биде брзо да се истушираме, да се вратиме во Манчестер и да спиеме бидејќи во понеделник летаме за Борнмут.
Таков е распоредот. Замислете, дури и ако победиме нема да можеме да славиме. Мора веднаш да се подготвуваме за следниот важен меч. За жал, тоа е модерниот фудбал“, изјави Гвардиола.
Сити денеска од 16:00 часот ќе игра против Челзи во финалето на ФА Купот, а само три дена подоцна гостува кај Борнмут во клучен натпревар во битката за титулата во Премиер лигата.





