Пеп „удри“ по ВАР: Зошто на Љоренте не е игра со рака, а на Родри е?

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола важи за еден од најголемите поддржувачи на ВАР-системот. Но, синоќа по натпреварот против Тотенхем отворено ја нападна определбата на луѓето од ВАР-собата една ситуација да ја пресудат на еден, а слична на друг начин.

„Зошто играта со рака на Љоренте е регуларна, а на Родри не е. Каде беа луѓето од ВАР-собата кога Ламела го сруши Родри при голот и досудија прекршок. Изгледа беа на кафе пауза“, истакна Каталонецот.

Сити првпат не победи во натпревар за бодови по долга серија од 16 натпревари, вклучувајќи го и финишот на минатата сезона.