Пеп, Тухел и Манчини во трка за најдобар тренер за 2021

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, неговиот колега од Челзи, Томас Тухел и италијанскиот селектор Роберто Манчини се кандидати на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) за најдобар тренер на годината.

Шпанецот минатата сезона со Манчестер Сити ја освои третата титула во Премиер лигата, Тухел ја со својот Челзи славеше во Лигата на шампионите и тоа со победа од 1-0 токму против Манчестер Сити, додека Манчини ја предводеше репрезентацијата на Италија до титулата на Европското првенство.

Најдобрите ги избираат селекторите и капитените на репрезентациите, претставници на медиумите и навивачите на веб-страницата на ФИФА. Победникот ќе биде објавен на онлајн церемонијата во Цирих на 17 јануари.