Пеп со безброј проблеми го пречекува пријателот Артета

Чудна е ситуацијата во пресрет на дуелот помеѓу Манчестер Сити и Арсенал. „Топџиите“ во моментов се најдобро пласирани од сите членови на таканаречената „голема шестка“, додека „граѓаните“ се наоѓаат во долната третина на табелата со половичен учинок на трите одиграни натпревари и негативна гол-разлика, што им се случува за првпат во ерата на Жосеп Гвардиола. Покрај тоа, кадровските ситуации се такви што менаџерот на домашниот тим има сериозни проблеми со составувањето на офанзивниот дел од тимот, додека неговиот поранешен студент и сонародник, а сега колега на клупата на лондонскиот гигант, Микел Артета, е измачуван од прашањето: „Кого да изоставам?“.

Во моментите кога се пишуваше овој текст, Гвардиола на располагање немаше ниту еден целосно подготвен напаѓач. Серхио Агуеро заздрави од операцијата на коленото и започна да тренира, но сè уште е рано да се врати на терените, додека Рахим Стерлинг и Габриел Хесус се здобија со повреди на задната ложа, односно на мускулите, и шансите да бидат во ростерот се минимални. Да бидат работите уште полоши за Пеп, „мајсторот за асистенции“ Кевин де Брујне беше заменет на мечот Англија - Белгија (исто така поради истегнување на задната ложа) и засега не е јасно дали ќе може да игра против Арсенал, за кој треба да дебитира Томас Парти, доведен од мадридски Атлетико за 45 милиони фунти. Репрезентативецот на Гана е поливалентен играч за врска, кој на теренот може одлично да одговори и како „кршач“ и како креатор на играта, па Артета со него доби повеќе опции за промена на формацијата во зависност од тоа што се случува на теренот.

Квотите од натпреварот Манчестер Сити - Арсенал:

Не треба да заборавиме дека последниот судир, во полуфиналето од ФА Купот, му припадна на Арсенал со 2-0, па поради наведените факти погоре, не би се залетале за кец. Би типувале 2-3 и ГГIВГГII.