• Иван Димовски

Шпанскиот стручњак Пеп Гвардиола продолжи да ги поместува границите, откако со Манчестер Сити се радува на трофејот во Суперкупот на Европа. Европскиот првак по пенали го совлада освојувачот на Лигата на Европа, екипата на Севиља со 5-4 (1-1).
Иако Суперкупот на Европа не му е омилено натпреварување, Пеп Гвардиола го освојува со трета различна екипа (Барселона, Баерн, Манчестер Сити). Ова е прв трофеј во новата сезона за европскиот првак, а вкупно 36-ти трофеј во кариерата на каталонскиот стручњак.
Со оваа победа Пеп се израмни на вечната листа со Карло Анчелоти, со по четири Суперкуп трофеи. Претходно Шпанецот се радуваше во 2009, 2011 и 2013 година, како и сега, една деценија подоцна.
Трофејот освен Гвардиола и Анчелоти со различни клубови го освојувале уште Алекс Фергусон (Абердин и Манчестер Јунајтед), како и Луис Ван Гал (Ајакс и Барселона).