Пеп: ПСЖ сака финале, но ние ќе одиме на победа и во реваншот

Манчестер Сити ќе брани гол предност од Париз и ќе се обиде да дојде до големото финале на Лигата на шампионите. Гостите ќе бидат мотивирани, а за нивните квалитети е свесен и Пеп Гвардиола кој зборуваше на прес-конференцијата. 

ПСЖ е неверојатен тим, сите го знаат тоа. Можат да бидат непредвидливи и да победат. Ги познавам нивните квалитети и како можат да бидат опасни. Од друга страна, уште подобро знам колку ние можеме да бидеме добри. Во реваншот мораме да го повториме вториот дел од Париз, не е многу сложено. 

Опасноста е иста како на првиот меч. Тие посакуваат финале, тоа е нормално, ама ние никогаш не сме биле таму. Мора да бидеме фокусирани, да се држиме заедно и да ја наметнеме нашата игра. Реванш во полуфинале во ЛШ е секогаш тежок меч, многу се размислува на претходниот резулгат и лесно се заборава на победата“, изјави Пеп. 

На прес-конференцијата, Пеп беше прашан и за четвртфиналето против Тотенхем во 2019 година. Тогаш Тотенхем бранеше гол предност од Лондон, Сити имаше водство во реваншот и даде гол во продолжението кој беше поништен. 

„Никој не може да го контролира хаосот. Не можам да предвидам што ќе биде со ПСЖ, различни ривали, различни моменти. Против Тотенхем одигравме неверојатно, имавме добар перформанс, но не поминавме понатаму. Сега, ќе се потрудиме да стигнеме до финалето“, заврши Гвардиола. 

Реванш дуелот од полуфиналето во Лигата на шампионите меѓу Манчестер Сити и ПСЖ ќе се одигра вечерва од 21:00 часот, а домаќинот на „Итихад“ има предност од 2-1.