ВИДЕО: Пеп „полуде“ од судиите – „Е*ете се, втор пат!“, па саркастично им честита!

Пеп Гвардиола сигурно ќе има што да каже околу судењето на „Енфилд Роуд“ на дерби дуелот со Ливерпул, а за тоа говори неговата реакција пред финишот, кога Манчестер Сити вторпат не доби пенал.

Александер-Трент играше во казнениот простор со рака по една нафрлена топка на Стерлинг. Тоа се случи во 83. минута, арно ама судијата Мајкл Оливер повторно не покажа на белата точка. Пеп „експлодира“, се нафрли на судиите, ги награди со пцовки и видно беше револтиран. По натпреварот, тој исто така саркастично им честита на судиите.

  • Моментот кога Пеп протестира за недосудениот пенал:

Ливерпул со победата над Манчестер Сити направи голем чекор напред во борбата за тронот во англискиот фудбал, но вреди да се напомене дека ова беше првото дерби во новата сезона.