Пеп: Победата е секогаш подобра од реми, и во Германија ќе атакуваме на триумф

Пеп Гвардиола, менаџерот на Манчестер Сити и покрај минималниот триумф на „Итихад“ во рамки од првиот четвртфинален дуел од Лигата на шампионите, вели дека неговите момци и на реваншот против Борусија Дортмунд ќе атакуваат на нова победа.

Синоќа (вторник), „граѓаните“ со голот на Фил Фоден во самиот финиш го скрши отпорот на германскиот тим и за гостувањето во „Сигнал Идуна Парк“ се избори за предност од еден гол (2-1).

„Победата е секогаш подобра од ремито. Имаме каква-таква предност, но одиме во Германија за да победиме и на реваншот. Дортмунд е квалитетен, има многу добри играчи, но сепак, успеавме да триумфираме и да се избориме за добра позиција за пласман во полуфиналето“, рече Гвардиола.

Дуелот на „Итихад“ го отвори Кевин Де Брујне со погодок во раната фаза, додека гол во гости за Борусија донесе капитенот Марко Ројс.