• Иван Димовски

Екипата на Евертон му откина бодови на Манчестер Сити (3-3) среде трка за титулата со Арсенал во Премиер лигата. „Карамелите“ водеа со 3-1, но на крајот попуштија и фаворитот избегна пораз.
Ремито дополнително ги искомплицира работите за „граѓаните“ во трката за титулата во Премиер лигата, бидејќи на три кола до крајот заостануваат пет бода зад Арсенал, со натпревар помалку и послаба гол-разлика. По средбата, шпанскиот стратег ја анализираше играта и призна дека неговиот тим не успеал да го одржи ритамот во второто полувреме, но сепак останал задоволен од целокупниот настап.
„Подобро е да освоиме бод отколку да загубиме, но секако подобро ќе беше да победевме. Противникот беше исклучително агресивен, што добро го издржавме во првото полувреме кога одигравме речиси совршено. Во второто немавме ист интензитет и примивме три гола. Ова беше вистински англиски натпревар и генерално одигравме многу добро. Секогаш е тешко да се гостува кај Евертон и им честитам. Им беше тешко да нè скршат, имаа само една вистинска шанса. Ние создававме многу, шутиравме и напаѓавме постојано, но тие се бранат длабоко и се опасни во транзиција.
Ќе го земеме бодот и продолжуваме, ништо не е готово, но трката за титулата повеќе не е во наши раце. Досега беше така, но сега не е. Имаме уште четири натпревари и ќе видиме што ќе се случи“, изјави Гвардиола.
Во следното коло, Арсенал ќе гостува кај Вест Хем, додека Манчестер Сити ќе се соочи со Борнмут.






