Пеп по поразот од Јуве: Горд сум на момците, дадоа сè од себе – тие се најдобри!

Кризата на Манчестер Сити продолжи во Торино, каде освојувачот на Лигата на шампионите од пред две сезони беше поразен по седми пат во последните десет натпревари.

Јувентус победи со 2-0 со головите на Душан Влаховиќ и Винстон Мекени и тимот на Пеп Гвардиола има само осум бода по шест натпревар во Лигата на шампионите оваа сезона и моментално е на 22. место на табелата. Сепак, Гвардиола не беше премногу загрижен за поразот.

„Игравме многу, многу добро. Горд сум на моите играчи. Тие дадоа сè од себе. Ние сме најдобри, го сакам мојот тим и начинот на кој играме. Резултатите не можат да ме убедат во спротивното.

Целта е да одиме понатаму. Ни треба бод или три за математички пласман во следната фаза, а имаме два натпревари пред нас. Нема да го заборавиме овој период кога еден ден ќе го оставиме зад нас“, рече шпанскиот тренер. 

До крајот на лигашкиот дел „граѓаните“ имаат уште два натпревари, гостување кај ПСЖ и меч против Бриж на домашен терен. 

Состави

Тиаго Мота

4-2-3-1

    Пеп Гвардиола

    4-3-3