• Горан Упале

Екипата на Манчестер Сити останува шампион во Премиер лигата, откако во неверојатна завршница успеа да ја одбрани лидерската позиција и да го остави Ливерпул без трофеј во домашниот шампионат.
Во последното коло „граѓаните“ до 76. минута имаа негатива од 0-2 против Астон Вила, но следуваа пеколни шест минути, во кои момците на Пеп Гвардиола постигнаа три гола и ја запишаа посакуваната победа. По последниот судиски свиреж шпанскиот стратег заплака од радост, додека фудбалерите мораа со големо обезбедување да го напуштат тревникот на „Итихад“.
- Големото славје на „Итихад“:
Денешната луда завршница наликува на онаа од пред десет години, кога Сити со голот на Агуеро во самиот финиш против Квинс Парк Ренџерс ја освои првата титула откако е формирана Премиер лигата.