Пеп пак се жали: Саутемптон имаше седум дена за одмор, ние десет минути

Манчестер Сити одигра неверојатен натпревар со девет гола против РБ Лајпциг во средата и победи со 6-3. Сепак, веќе за викенд одигра 0-0 против Саутемптон на „Итихад“. Предводникот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола одново се пожали на конференцијата за медиумите. 

„Саутемптон имаше седум дена за одмор и припреми за натпреварот, а ние имавме само десет минути. Премиер лигата има 38 кола и секој игра со секого. Сепак, тоа не е исто за екипите кои играат во евро-куповите.

Би сакал да имаме повеќе време за одмор и спремање за натпреварите. Со Саутемптон немавме свежина во нозете и главите. Имавме четири-пет нови играчи во тимот, но некогаш имате денови кога не ви оди“, изјави Гвардиола. 

Шпанскиот стратег секоја сезона, многу често се жали на густиот распоред во кој играат екипите. Сепак, иако поплаките се присутни, нема простор за промена на темпото и клубовите кои се натпреваруваат во европските натпреварувања имаат повеќе натпревари од останатите.