Пеп откри од што му крвареше носот, а лузните на главата му биле од кожна болест!

Пеп Гвардиола го минува најтешкиот период од својата блескава тренерска кариера. Но, повеќе од поразите и личните и клупските негативни рекорди со Сити, тој беше загрижен за својот изглед и однесување на крајот на минатиот месец.

Откако за првпат во својата тренерска кариера загуби пет натпревари во низа, се чинеше дека на импресивен начин ќе ја прекине серијата на домашен терен против Феенорд во петтото коло од Лигата на шампионите. До 75. минута водеше со 3-0, но гостите успеаја да се вратат и да освојат бод (3-3).

По мечот, Гвардиола на прес-конференцијата се појави со крвава расекотина на носот и многу црвени гребаници и модринки на главата.  На новинарско прашање од каде се тие рани, Гвардиола одговори: „Со ноктот си го пресеков носот“, а потоа со насмевка додаде: „Сакам да се повредувам...“. 

Сега, речиси три недели подоцна, тој сериозно објасни од каде му се сите тие рани на главата: 

„Што се однесува до гребаницита на главата, имам проблеми со кожата. Поради болеста две-три години пијам антихистаминици. Носот го исеков со нокти, но тоа другото не си го направив самиот“.

Манчестер Сити сè уште е во криза, а в недела го чека големото дерби со градскиот ривал Манчестер Јунајтед