Пеп: Нека ми извинат англиските фанови, сакам Баерн да го елиминира Ливерпул

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, сè уште не ги заборавил своите убави моменти минати на чело на германскиот шампион, Баерн Минхен

Каталонецот синоќа со својот тим го елиминираа Шалке 04 и обезбедија четвртфинале во ЛШ, а по мечот беше запрашам да даде свое мислење и за вечерашното големо дерби меѓу Баерн Минхен и Ливерпил. Тој без многу размислување им се извини на англиските фанови, и посака меѓу осумте најдобри да го виде неговиот поранешен тим. 

„Нека ми извинат англиските фанови, но би сакал Баерн да победи. Бев дел од тој тим, го сакам Минхен и Баерн. Таму имам многу пријатели и сакам да бидат среќни. Немам ништо против Ливерпул, но тоа е мојата желба. Но, да почекаме нека заврши и тој дуел, па ќе видиме дали истата ќе ми се оствари“, рече Пеп. 

Дуелот меѓу Баерн и Ливерпул се игра на „Алијанц Арената“ од 21:00 часот, термин во кој ќе се судрат и Барселона и Лион