Пеп: Не можевме да си дозволиме уште еден напаѓач, тоа може да нè чини титули

Пеп

Пеп Гвардиола ја изненади јавноста со последната изјава. Фановите не можат да поверуваат на зборовите на Шпанецот, кој вели дека Манчестер Сити немал доволно финансии за да купи уште еден напаѓач.

Според шпанскиот тренер „граѓаните“ би можеле да ја платат цената со губење на титули во тековната сезона.

„Сакавме да купиме, но не можевме да си го дозволиме тоа. Тоа е реалноста. Не можевме да купиме играч со нивото како Агуеро и Хесус. Не дека не сакавме, туку не можевме да си го дозволиме тоа. Понекогаш се случува тоа“ , вели Гвардиола.

Првиот напаѓач Серхио Агуеро одново се повреди и нема да биде дел од натпреварите на екипите во наредните две недели. Тој би можел да го пропушти клучниот меч против Ливерпул во Премиер лигата.

Бразилецот Габриел Хесус исто така лекува повреда и не е во конкуренција за настап во наредниот период.