Пеп навести никогаш помирно лето на „Итихад“? Но, едно заминување може да промени сè

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, смета дека нему и на тимот не му се потребни засилувања во летниот преоден рок. „Граѓаните“ летово го доведоа само Савињo, кого го донесоа од Џирона, клуб во сопственост на Сити Груп.

Савињо ќе ја зголеми конкуренцијата по страничните позиции, што значи дека Фил Фоден и Бернардо Силва ќе можат почесто да го менуваат Де Брујне на средината на теренот, зад Ерлинг Халанд.

„Верувам дека 85-90% ќе играме во ист тим во новата сезона и дека нема да има многу промени и засилувања. Сепак, до последниот ден од преодниот рок, кога ќе имаме можност да промениме нешто и да се засилиме. Не можам целосно да ја отфрлам таа можност

Го доведовме Савињо, кој може да игра лево и десно, ни треба на крилата, бидејќи е неверојатен во игра еден на еден“, изјави Гвардиола.

Се шпекулира дека голманот Едерсон би можел да замине во Саудиска Арабија. Ал-Итихад нуди 30, но Сити бара 50 милиони. Исто така, Де Брујне беше поврзуван со клубови од Саудиска Арабија, но Пеп ги демантира тие гласини.

„Не, Кевин останува со нас. Тие гласини не се точни и тој нема да оди никаде“, изјави Пеп.

Ако го погледнете актуелниот ростер на Cити прилично е јасно дека е навистина добро покриен на сите позиции. Не е невозможно Матеус Нуњес, кој не се снајде минатата сезона, да замине, но и во тој случај Пеп може да доведе резервен играч за врска.

Најголем проблем може да биде Хулијан Алварез, кој инсистира на поголема минутажа. Доколку замине, на Пеп ќе му биде проблем да донесе звучно и соодветно засилување, бидејќи моментално такви играчи на пазарот има многу малку.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.