• Мартин Танасковски
Пеп Гвардиола, тренерот на Манчестер Сити, по крајот на сезоната во Премиер лигата му честита на Ливерпул за машката борба до самиот финиш и потенцира дека ова е најтешко освоената титула во неговата кариера.
Разликата меѓу Сити и Ливерпул беше само еден бод, а борбата траеше до последното коло.
„Пред се, морам да ѝ честитам на екипата на Ливерпул и да ѝ се заблагодарам, затоа што не натераа да играме над нашите можности. Неверојатно е, имаме 98 поени и две титули по ред. Ги подигнавме стандардите во однос на минатата сезона. Ливерпул ни помогна во тоа. Ова е најтешка титула во мојата кариера, моравме да победиме на 14 натпревари во низа и да не загубиме ниеден бод“, вели Пеп.
Шпанскиот стратег откри која била најголемата мака на Сити оваа сезона.
„Се работи за прекините. Па, јас сум еден од највисоките во тимот. Затоа, кога има прекин, можете само да одите во црква и да се молите да не падне гол“, се пошегува Гвардиола.
За Пеп Гвардиола ова беше петти трофеј во Манчестер Сити, втор во Премиер лигата.