Пеп му честиташе на Ливерпул за титулата: Следната сезона нема да биде вака

Манчестер Сити извојува победа од 2-0 над Нотингем Форест на „Вембли“ и повторно ќе игра финале во ФА Купот на Англија. Минатата година, „сините“ загубија од Манчестер Јунајтед со 2-1 во финалето, но по победата над Форест, Гвардиола не зборуваше за својот тим, туку за титулата на Ливерпул.

„Во мое име и во име на целиот клуб, сакаме да му честитаме на Ливерпул за победата и титулата во Премиер лигата. Заслужено, нема сомнение за тоа. Фантастичен тим. Во текот на следната сезона, како што се случи во последните четири години со Сити, тие ќе се обидат да ја задржат титулата и се надеваме дека следната сезона ќе бидеме подобри, и до крај ќе се бориме за титулата. Оваа сезона тоа не беше можно. Затоа честитки до Ливерпул“, рече Гвардиола.

Сити е четврти на табелата во Премиер лигата со 61 бод, а првите пет екипи ќе се квалификуваат во Лигата на шампионите.