Пеп: Ливерпул дојде фокусиран, ама го победивме шампионот!

Манчестер Сити приреди подвиг и го совлада шампионот во Премиер лигата, Ливерпул со огромни 4-0. Иако избраниците на Јирген Клоп веќе ја обезбедија титулата, со сигурност не им е сеедно за овој тежок пораз. 

Од друга страна, Пеп Гвардиола по натпреварот имаше пофални зборови за противничките играчи и нагласи дека го победиле шампионот на Англија

„Одушевен сум. Честитки до мојот тим, го победивме шампионот. Победивме со 4-0, шансите кои ги изградивме, како се градевме како тим значат повеќе од само три поени за нас.

Уште за време на „шпалирот“ видов дека играчите на Ливерпул се фокусирани. На лицето им се гледаше дека се дојдени по победата, затоа се шампиони. Не дојдоа овде да слават, иако имаа испиено многу пиво оваа седмица. Дојдоа да се натпреваруваат“, изјави Гвардиола. 

За разлика од Ливерпул, кој повеќе не е во борба за титули, Манчестер Сити до крајот на сезоната ќе се бори за трофеите во ФА Купот и Лигата на шампионите, па оваа победа е одлична за самодоверба на тимот.