• Горан Упале

Екипата на Манчестер Сити со убедливи 6-0 го декласираше второлигашот Барнли. Ерлинг Халанд уште еднаш брилјираше, постигнувајќи ги првите три гола до 59. минута, за четири минути подоцна Пеп Гвардиола да го извади од игра.
Истото го направи и во вторникот во Лигата на шампионите против Лајпциг, кога по петте гола беше заменет од игра во 63. минута.
„Халанд постигна осум гола за четири дена, тоа е неверојатно. Играв во Барселона 11 години и постигнав 11 гола, тој за малку ќе го направи тоа за четири дена“, изјави Гвардиола по натпреварот, а потоа иронично испука:
Го заменив откако постигна три гола за да не го собори рекордот на Меси во ФА Купот“, рече Каталонецот.
Гвардиола со последната реченица очигледно алудираше на ситуацијата на натпреварот против РБ Лајпциг. Халанд беше на добар пат да стане првиот играч кој постигнал шест гола на еден натпревар од Лигата на шампионите, бидејќи пред Гвардиола да го замени, го израмни рекордот на Лионел Меси и Луис Адријано, кои исто постигнаа по пет гола на еден натпревар во елитното европско натпреварување.