Пеп Гвардиола се согласи да остане во Манчестер Сити!

Сити Гвардиола

Пеп Гвардиола и Манчестер Сити постигнаа договор за продолжување на соработката.

Договорени се сите услови за шпанскиот тренер да остане меѓу „граѓаните“ до летото 2025 година. Досега со клубот освои четири трофеи во Премиер лигата, но затоа сè уште не успеал да се радува во Лигата на шампионите.

51-годишникот пристигна во премиерлигашот во 2016 година. Ова за него е најдолго задржување во еден тим, по кратките авантури со Барселона и Баерн Минхен.

Шпанецот важи за еден од најдобрите тренери на сите времиња. Летово доби огромно засилување во Ерлинг Халанд, кој е причина плус да се верува во нови успеси на Сити во наредните неколку години.